x

ЖИВОТИНСКА ИСХРАНА

Ние секогаш ги избираме суровините со највисок квалитет кои се користат во производството како и за трговија ,од добро познати и искусни добавувачи и строго го контролираме квалитетот делумно во нашата сопствена лабораторија а дек и во одделни приватни и државни овластени и акредитирани лабаратории со цел да се обезбеди најдобра исхрана на животните . Пред се, мора да потенцираме дека ние никогаш не користиме, ниту планираме да користиме суровини со животинско потекло.

  • КРАВАРСТВО

    КРАВАРСТВО

    Најголемиот дел од сточартвото во земјата им припаѓа на краварските фарми и одгледувачите на јунци. Правилно и добро избалансирана храна, чиј што состав  ги обезбедува сите потребни протеини и енергија за највисоки перформанси и продуктивност на грлата е клучен фактор за успех во овој бизнис. Комплетните крмни смеси (концентрати) за преживарите од нашиот призводен програм вклучуваат две производни линии

    • една за производство на месо
    • друга за производство на млеко

    Овие производни програми се наша специјалност, бидејќи ние имаме најдобра стручност и искуство во оваа област со што и најголемиот дел од производството и продажбата доаѓаат токму од овај сегмент.

  • ОВЧАРСТВО

    ОВЧАРСТВО

    Одгледувањето на овци и јагниња е со многу голема традиција карактеристични за целата земја, а особено во регионот каде што сме лоцирани. Ова е сектор што придонесува позитивно во трговскиот биланс на државата поради извозот и затоа е значаен за економијата.

    Нашите добиточни храни (концентрати) за овци и јагниња се со многу добро избалансиран состав кој ги обезбедува сите потребни хранливи компоненти и вредности.

    Комплетните крмни смеси за овци (концентрати) содржат високо ниво на протеини и енергија ги обезбедуваат сите неопходни фактори за здравјето на овците, вклучувајќи поголема енергија за овците, подобрување на плодноста, висок квалитет на крзното и одлична кондиција.Комплетните крмни смеси за јагниња ( концетрати) обезбедуваат голема продуктивност во многу кратко време,брз тов и квалитетно месо а помала телесна маса како што преферираат крајните купувачи во земјите каде се извезуваат јагнињата.

  • ЖИВИНАРСТВО

    ЖИВИНАРСТВО

    Бројлери

    Производството на бројлери е помал но сепак значителен дел од живинарството во земјата. Производниот програм содржи различни мешавини (концентрати) за секоја фаза на развој, во смисла на временска рамка и телесната тежина, со цел да се обезбеди најдобра придобивка по единица храна и висок квалитет на проиведеното месо.

    Несилки

    Производството на конзумни јајца е најголемиот дел од живинаството во земјата. Нашите комплетни смеси (концентрати) за кокошки несилки се со највисок квалитет поради високо- квалитетните компоненти и адитиви со цел да се обезбеди висока продуктивност, одлично здравје, одличен квалитет на јајца и поголем циклус за поголемо производство и со сето тоа поголема профитабилност за производителите.

  • СВИЊАРСТВО

    СВИЊАРСТВО

    Ова е важна и стабилна гранка која бележи раст со текот на годините. Нашата програма за комплетни крмни смеси (концентрати) за развој и тов се со висок квалитет преку употреба на внимателно селектирани компоненти кои се користат во комбинација со заштитени амино киселини, витамини и минерали и уште многу други додатоци со што нудиме одлична храна која овозможува голема конверзија во однос на храна / кг проиведено месо со што им ја зголемуваме продуктивноста на одгледувачите и пред се квалитетот на проиведеното месо.

  • ЖИТАРИЦИ

    ЖИТАРИЦИ И КО - ПРОДУКТИ

    Како дел од нашата посветеност за обезбедување на квалитетни храни за исхрана на животните и посветеност да се служат различни типови на групи на купувачи ние снабдуваме зрнети култури (житарици), фуражни компоненти, адитиви, витамини и минерали, премикси и многу други компоненти за исхрана и дополнување на исхраната на добитокот.

    Сите овие компоненти и многу други се претставени подолу. Се услужуваат сите групи на купувачи кои имаат потреба од споменатите производи каде квалитетот го гарантираме со документи за анализа и сертификати за квалитет за сите производи купени од нас.

    • Пченка
    • Јачмен
    • Пченица
    • Сончогледово ќоспе
    • Сојино ќоспе 44%
    • Резанец
    • Сточно брашно
    • Моно калциум фосфат
    • Сточна креда
    • Витаминско минерални смеси (премикси)
    • Амино киселини
    • Масло и млеко во прав

    И многу други компоненти за сточни храни.

КРАВАРСТВО

Најголемиот дел од сточартвото во земјата им припаѓа на краварските фарми и одгледувачите на јунци. Правилно и добро избалансирана храна, чиј што состав  ги обезбедува сите потребни протеини и енергија за највисоки перформанси и продуктивност на грлата е клучен фактор за успех во овој бизнис. Комплетните крмни смеси (концентрати) за преживарите од нашиот призводен програм вклучуваат две производни линии

  • една за производство на месо
  • друга за производство на млеко

Овие производни програми се наша специјалност, бидејќи ние имаме најдобра стручност и искуство во оваа област со што и најголемиот дел од производството и продажбата доаѓаат токму од овај сегмент.

ХРАНА ЗА МИЛЕНИЦИ

Ние работиме напорно за да ги комбинираме, технологијата, знаењето и природата во квалитетна животинска храна и крајниот производ да им го понудиме на нашите клиенти.

  • КУЧЕ

    КУЧЕ

    Нашата определба да обезбедиме најдобар квалитет во исхраната и на сите животни ја продолжуваме преку секторот за храни за домашни миленици. Преку ексклузивна дистрибуција од добро познатиот производител VIOZOIS СА продаваме храни со висок квалитет и врвно избалансирани кои обезбедуваат кај кучињата оптимален физички развој и здравје на вашиот најдобар пријател. Производната палета содржи широк спектар на производи кои ги исполнуваат барањата за правилна нутриција и обезбедуваат доволно енергија за секојдневните активности на домашните миленици. Широкиот избор на намески храни со различен состав овазможува идеален избор за сите целни групи на купувачи започнуваќи од индивидуални одгледувачи, одгледувачници, ветеринари и малопродажниот сектор.

    Воедно, искусниот и стручен персонал на производителот и нашиот соодветен кадар ви стои на располагање во секое време и по однос на секое ваше прашање со цел правилна исхрана и грижа за вашиот миленик.

     

                  

  • МАЧЕ

    МАЧЕ

    Со особена љубов и грижа од производителот VIOZOIS СА нудиме избор на храна за мачки што ќе ги задоволат нашите клиенти и ќе им обезбедат на своите мачки храна и грижа што тие ја заслужуваат.

    Дистрибуција на храни за мачки вклучува производи кои целосно ќе ги задоволат секојдневните хранливи потреби на мачињата.

    Покрај тоа, сите производи ги содржат основните компоненти и потребните додатоци со што ќе ги одржите вашите миленици во постојана кондиција подарувајќи им убавина и здравје.

    Воедно, искусниот и стручен персонал на производителот и нашиот соодветен кадар ви стои на располагање во секое време и по однос на секое ваше прашање со цел правилна исхрана и грижа за вашиот миленик.

     

         

  • ПТИЦИ

    ПТИЦИ

    Во палетата на храни за домашни миленици, ние нудиме увозни храни за птици и семиња со одличен квалитет од Шпанија, Холандија и Белгија. Овој програм вклучува и комплетна линија мешавини и семе за канаринци, мали и големи папагали, егзотични птици, гулаби и многу други. Освен тоа, овој програм се надополнува ако е потребно, според барањата на клиентите и нивните нарачки.

    • Микс за канаринци
    • Микс за папагали
    • Храни за егзотични птици
    • Коноп
    • Нигер
    • Храни за гулаби (палетизирани)

КУЧЕ

Нашата определба да обезбедиме најдобар квалитет во исхраната и на сите животни ја продолжуваме преку секторот за храни за домашни миленици. Преку ексклузивна дистрибуција од добро познатиот производител VIOZOIS СА продаваме храни со висок квалитет и врвно избалансирани кои обезбедуваат кај кучињата оптимален физички развој и здравје на вашиот најдобар пријател. Производната палета содржи широк спектар на производи кои ги исполнуваат барањата за правилна нутриција и обезбедуваат доволно енергија за секојдневните активности на домашните миленици. Широкиот избор на намески храни со различен состав овазможува идеален избор за сите целни групи на купувачи започнуваќи од индивидуални одгледувачи, одгледувачници, ветеринари и малопродажниот сектор.

Воедно, искусниот и стручен персонал на производителот и нашиот соодветен кадар ви стои на располагање во секое време и по однос на секое ваше прашање со цел правилна исхрана и грижа за вашиот миленик.

 

              

СЕРВИСИ

Транспорт

Секторот за јавен превоз на стоки како значаен сегмент во АГРОИНВЕСТ Д.О.О од 29.09.2009 година согласно законската регулатива од ЗАКОНОТ ЗА ПРЕВОЗ ВО ПАТНИОТ СООБРАЈЌАЈ (Сл.Весник на РМ бр.68/04 и 127/06) и Правилник за формата и содржината на лиценците (Сл.Весник на РМ бр 46/07) го извршува новиот правен субјект сопственост на АГРОИНВЕСТ д.о.о со следните податоци: ТЕРРАВИА д.о.о.е.л

Консултации

Континуирана соработка и консултации со клиентите е од огромна важност за нас. Преку трајни односи со клиентите секогаш доаѓаме до подобрување на нашата храна и обезбедуваме најдобро решение за барањата на секој поединечен клиент. Покрај тоа, ние секогаш им ги нудиме нашите најдобри знаења и искуства на своите клиенти од областа на менаџирање на исхрана, менаџмент на фарма, нашите технолошки познавања и друго со цел тие подобро да го организираат производството и да ја зголемат вкупната продуктивност.

Иновации

Иновацијата во областа на земјоделството е значаен процес. Ние секогаш се трудиме да ги имплементираме новите методи на производство, да ги искористиме во производството најновите хранливи компоненти и да ги имплементираме најновите стандарди во производството, со цел да обезбедиме решение за максимизирање на придобивките на сточарите. Исто така, работиме континуирано во имплементација на технологија и ја комбинираме со познавањата на нашиот тим од нутриционисти за да обезбедиме пониска цена и висока додадена вредност за нашите клиенти. Како резултат на тоа, ги создаваме врвните формулации и рецептури за висок квалитет на произведените храни.

ПРОДАЖБА

AGROINVEST ДОО е присутен на меѓународниот пазар преку трговски активности кои вклучуваат претежно ексклузивен увоз и дистрибуција на житарици, различни компоненти и ко – продукти од различни индустрии како и храна за миленици. На тој начин,обезбедуваме широк спектар на производи од сопствено производство или увезени со цел да придонесеме кон задоволување на што е можно поголем дел од потребите на различните групи на купувачи.

Со цел за достапност и доближување на нашите производи до крајните купувачи,  инвестиравме  во транспортниот сектор. Со 6 товарни возила со различни капацитети од 2 т, т 6, 10 т, 15 т, 24 тони и неколку други комерцијални возила можеме да ги реализираме нарачките од најразличен обем во секој дел на земјата. 

Затоа, ние гордо можеме да тврдиме дека производите ќе бидат доставени до крајниот  купувач (Фарма, малопродажни центри, индивидуални сточари и др.) во кој било дел од земјата за максимум 24 часа од моментот прием на нарачката.

Нашето портфолио на производи  вклучува:

СТОЧНИ ХРАНИ

  • Комплетни крмни смеси ( концентрати). 
  • Житарици
  • Компоненти за сточни храни
  • Супер концентрати (дополнителни смеси со голем процент на протеини) 

ХРАНИ ЗА МИЛЕНИЦИ

  • Кучешки храна (мали кучиња, одржување, енергетски) 
  • Храна за мачки
  • Птици храна (мешавина, семиња).