x

ЗА НАС

Компанијата започна со работа во почетокот на 1991 година. Исхраната на животни опфаќаше голем дел од тогашните деловни активности. Клучните сегменти беа увоз, трговија и дистрибуција на разновидни сточни храни, житарици и дополнителни хранливи додатоци. Во 1995 година компанијата започна инвестициски активности во погон за производство и складирање на готови сточни храни. Со 100% приватен капитал и гринфилд инвестиција во 2001 фабриката го доби сегашниот изглед кој постојано се надоградува и дополнува со нови инвестициски проекти во опрема и објекти. Од 2001 година компанијата работи со веќе препознатливото име АГРОИНВЕСТ како на домашиот така и на околните балкански пазари.

Формулата за успех се должи на искусниот персонал во областа на производство и менаџмент и употребата на современа технологија за проиводство.

Со сите овие атрибути, ние веќе на домашниот пазар се издвојуваме со следните карактеристики:

Добавувач на високо-квалитетни сточни храни
Доверлив и издржлив деловен партнер на сите наши клиенти.
Континуирано вложување во нови технологии и подобрување на квалитетот на производите и широк спектар на услуги во оваа област.

АКТИВНОСТИ

Трговија

Комбинирајќи ги напредната технологија за производство на готови сточни храни и врвното научно познавање од областа на нутриција на животни нашиот тим создаде квалитетен производен програм со широк спектар на специјализирани храни во областа на говедарство, свињарство, живинарство и овчарство.

Сточни храни

Комбинирајќи ги напредната технологија за производство на готови сточни храни и врвното научно познавање од областа на нутриција на животни нашиот тим создаде квалитетен производен програм со широк спектар на специјализирани храни во областа на говедарство, свињарство, живинарство и овчарство.

Храни за домашни миланици

Покрај тоа, нашата посветеност кон севкупната животинска исхрана се проширува со увоз и трговија преку ексклузивна дистрибуција на различити храни за вашите миленици, вклучувајќи храна за кучиња, мачки и птици.

Дистрибуција

Нашата директна дистрибутивна мрежа ја опфаќа целата територија на Р.Македонија. Со сопствен возен парк од товарни и помали комерцијални возила секоја нарачка е доставена до крајната локација на купувачот преку целата територија на земјата.

Меѓународен транспорт

Исто така, нашата компанија преку сопствената транспортна фирма ТЕРРАВИА нуди услуги во областа на меѓународен транспорт на стоки со товарни возила на територијата на Балканскиот полуостров и во неколку Европски земји.

МИСИЈА

Ние континуирано делуваме комбинирајќи ја технологијата, знаењето и природниот потенцијал во квалитетна сточна храна достапна за нашите ценети купувачи. Наша приоритетна обврска е да создаваме квалитетна сточна храна преку одржлив развој во производството бидејќи сметаме дека ова е единствен начин да му допринесиме најголема вредност на нашите клиенти. За нас не постои поголем успех и деловно достигнување од пред се задоволните купувачи.

ЦЕЛИ

Наша приоритена цел и обврска е да го обезбедиме посакуваниот квалитет на сточни храни за македонскиот сточар и проиводител. Континуиран напредок и равој е начинот на кој ние го обезбедуваме најдоброто решение за животинска исхрана и градиме успешни и долгогодишни деловни релации со нашите купувачи што е и нашата најбитна цел како компанија. Ние инвестираме во раст и развој и со тоа се надеваме да допринесеме во равојот на сточарството како гранка во Р.Мамедонија преку достава квалитетни сточни храни по одржливи и достапни цени.

Во што веруваме

Во нашата способност да ги ислушаме нашите клиенти и да обезбедиме оптимално решение за нивните проблеми и барања.
Во нашата одговорност да обезбедиме најдобра храна за животни за нашиот ценет клиент.
Во креативност и слобода и нашата способност да дејствуваме во обезбедување на успешно решение за исхрана на животните.
Во континуирана соработка со нашите клиенти со цел да ја обезбедиме најдобрата храна за нивните потреби.
Во континуиран напредок и иновација на производите и услугите со цел да создадиме портфолио од производи и услуги кое ќе ги задоволи сите потреби на групите на купувачи во областа на исхраната на животните.

 

 

ISO 9001 : 2000

Нашата посветеност да се обезбеди највисок квалитет на производи со најдобра можна услуга за клиентите е подобрен преку имплементација на меѓународно признатиот систем за управување со квалитетот во бизнис процесите ISO 9001: 2000. Имплементацијата на овај систем е со цел да се елиминираат сите можни неусогласености во комплетниот бизнис процес почнувајќи од набавка на суровини, процесот на производство, складирање и дистрибуција, додека не стигнат до крајната дестинација на клиентот во кој било дел од земја. Заедно со тоа, ние спроведување и следење на највисоките стандарди на производство, бидејќи усогласен производ е резултат на комбинација на многу фактори, како што се правилно складирање на состојките, затворен систем на производство со минимум човечка интеракција, соодветно пакување и складирање и дистрибуција која ги вклучува сите високи хигиенски правила , правилното доделени инструкции и упатстава за работа во производството и современа опрема и објекти како што имаме.

ЖИВОТНА СРЕДИНА

AGROINVEST ДОО е еколошка компанија. Ние не создаваме било какво загадувањето на животната средина  во форма на отпад од производниот процес. Поточно, имаме нула отпад од процесот на производството и сите состојки  100% се искористуваат во конечниот производ без создавање на меѓупродукти или отпадни материјали.

Меѓутоа, нашата свест за животната средина е многу висока и затоа се обидуваме да ја елиминираме  секоја ситуација која би можела да има несакани ефекти врз животната средина.

  • Ние секогаш ги превземаме највисоките мерки за претпазливост при набавка на суровини со цел да се обезбеди највисок квалитет на суровините и де се  елиминираат сите можни закани на контаминација.
  • Ја одржуваме хигиената на највисоко ниво на целиот простор од фабриката и имаме физичко одделување на сите фази во процесот на производството.
  • Секој објект е изграден на начин на кој ги исполнува сите потребни еколошки барања со закон и  нашиот систем на производство е затворен тип и нема никаква интеракција со надворешната околина.
  • Целата инфрструктура во кругор на фабриката е многу добро организирана, чиста и со многу паркови и дрвја.
  • Конечно, нашата свест за животната средина ние секогаш се трудиме да ја реализираме  во финансиска смисла, човечки ресурси или материјали од разновиден вид преку партиципација во еколошки проекти или групи на активисти за заштита на животната средина.

ПЕРСОНАЛ

Ние веруваме дека секоја компанија е успешна и обезбедува одржлив раст како резултат накомпетентност и мотивацијата на вработените. Во долгогодишното партиципирање на пазарот, ние  комбиниравме вработени со највисока стручност  во областа на делување. Затоа, нашиот тим вклучува експерти од областа на исхрана на животните, ветеринари, маркетинг и менаџмент и квалификувана работна сила во производството. Меѓутоа, поради комплексноста и сеопфатноста на полето на исхрана на животните , се интегрираат и надворешни високо квалификувани струшни соработници, особено нутриционисти и ветеринари, како и голем број релевантни институции, со цел да обезбеди најдобар квалитет во согласност со највисоките наоди и развој во исхраната на животните.

Ние секогаш го обезбедуваме најдоброто образование и обука за професионалци во компанијата и секогаш практикуваме  тимска работа. Затоа, секоја одлука се врши со консултации и во соработка со тим од стручни лица на состаноците и секое мислење и стручност се земаат во предвид бидејќи ние веруваме дека секое релевантно мислење  вреди да се слушни и најдобро решение никогаш не е резултат од само едно лице, туку од група на експерти.

ОПРЕМА И ОБЈЕКТИ

Сите објекти се наоѓаат на една централна локација во Прилеп. Комплексот на структури се простира на површина од 15 000 м2 во кој се наоѓаат зградата на администрацијата, производствениот погон, магацините за складирање и силосите. Сите градби се нови и според највисоките стандарди во индустрија за безбедност на храна. Тие се позиционирани и прилагодени согласно фазите на процесот на производството и обезбедуваат поддршка на протокот на суровини од првата фаза на прифаќање на основните состојки, мелење на истата, транспортот, мешање, пакување до последната фаза на складирање на финалниот производ.

  • СКЛАДИРАЊЕ

    Складирање

    Правилно складирање на основните суровини е обезбеденo во надворешните силоси за житарици и ко - продукти. Бетонскиот силос содржи шест одделни интерни комори каде се сместуваат шест различни видови на суровини кои се користат во процесот на производството. Освен тоа, до нив се поставени три одделни лимени силоси,кои исто така се поврзани со автоматизирана опрема заедно со бетонски силоси со цел да се обезбеди лесен проток на суровините во секоја од вкупно деветте комори за складирање.

  • ПРОИЗВОДСТВО

    Производство

    Процесот на производство е автоматизиран и контролиран од една контролната соба.Процесот на мелење е во посебна структура која се наоѓа веднаш до силосите. По мелење на основните состојки тие се транспортираат во следната фаза на производство. Производниот процес е хоризонтален и сместен во хала со површина 500 м2. Во оваа структура се поставени сите фази од процесот на производството. Преку хоризонтален проток на суровините процесот вклучува складирање во посебни комори, дозирање, додавајќи чисти минерали, витамини и други адитиви, мешање и автоматизирано пакување на готов производ.

  • ОПРЕМА

    Опрема

    Машините и опремата кои се користат во процесот на производство се од суштинско значење за највисок квалитет на произведената храна. Затоа, ние користиме опрема само од искусни и докажани компании кои се експерти во областа на меѓународно ниво. Примарна контрола во приемот на суровините се врши во две фази на контрола и тоа на квантитет и квалитет. Контролата на квантитетот се врши преку современа електронска колска вага. Квалитетот на суровините се извршува делумно преку сопствена лабараториска опрема и во акредитираните лабаратории во Земјата. Покрај тоа,приемот на основните суровини во силоси е автоматски процес поддржан преку елеватори и редлери. Процесот на мелење се извршува со помош на современ чекичар со можност за прилагодување на саканата гранулација.Во натамошниот процес поставени се многубројни силоси, комбинирани со единствена цел да се обезбеди функционален и брз проток на состојките на храната низ системот без потреба од чување на залихи на полуготови производи. Системот за дозирање и миксерот се најсовремени на пазарот. Системот за дозирање е автоматски каде поединечно се дозираат сите потребни суровини пред завршната фаза на мешање во добиточна храна. Мешањето се извршува со хоризонтален против-струен миксер кој во временски интервал од 5 минути ги измешува суровините во хомогена микронски изедначена смеса. Процесот на пакување е обезбеден преку полу-автоматска линија за пакување со систем за дигитално дозирање и одмерување и автоматско шиење и ставење на етикета.

    Целиот процес на производство е од затворен тип и ги исполнува барањата на системот за безбедност на храна HACCP.

  • МАГАЦИНИ

    Складирање

    Складирањето на готовите производи е обезбедено во три физички одвоени магацини со вкупен простор за складирање со површина од 1 100 м2 во оптимални услови за безбедност и сигурност на храна.

  • АДМИНИСТРАЦИИ

    Администрација

    Тековните оперативни и административни активности се извршуваат во посебна зграда во кругот на фабриката. Деловниот простор вклучува канцеларии, лабараториски простор, сала за состаници и посебен апартман за гости.

Складирање

Правилно складирање на основните суровини е обезбеденo во надворешните силоси за житарици и ко - продукти. Бетонскиот силос содржи шест одделни интерни комори каде се сместуваат шест различни видови на суровини кои се користат во процесот на производството. Освен тоа, до нив се поставени три одделни лимени силоси,кои исто така се поврзани со автоматизирана опрема заедно со бетонски силоси со цел да се обезбеди лесен проток на суровините во секоја од вкупно деветте комори за складирање.